Здрави, посни, vegan вафли од само 4 состојки.
Пре преее вкусни и ептен по здрава варијанта од класичните вафли Малку бев скептик што ќе излезе од овој експериментален рецепт, амааа овааа еее врв 🥰🥰🥰 состојките како што може да видите се ептен едноставни, вода, овесно брашно, засладувач, пециво…
Овесно брашно си правам сама, со тоа што само блендирам овесни снегулки, а другиве работи верувам ги имате дома секако. Јас ги правев со вода, вие можете со некое растително млеко. Во 200 мл додавам малку пециво или сода(или мешано) и малку масло(може и путер, кокосово масло и сл.). Додадете засладувач по желба (шеќер, мед, стевиа) и на крај подтепено додавајте го овесното брашно. Полека истурајте од смесата на апаратот, јас ги правев намерно по мали. И печете ги подолго време од обичните вафли (отприлика 6-7-8 минути). Поради тоа што овесното брашно постојано ја прима водата, смесата се згуснува, па додавајте по малку вода на секое. Многу, премногу ме изненади резултатот и вкусот. Комбинирајте со мед, путер, овошје и сл.
Доколку немате апарат за вафли, може да си ги испечете како американски палачинки.