Македонските одбојкари ја совладаа Данска со 3:1 (22:25, 25:22, 25:19, 25:22) и ја отворија портата кон осминафинале на ЕП 2023 во Скопје. В сабота ќе играме со Црна Гора, а победа ќе значи остварување на сонот.
Имавме анализи многу за нив, гледавме многу нивни натпревари, но не одлучи ништо од тоа. Одлучи душата, одлучи желбата, одлучи поддршката од навивачите, одлучи срцето. Залудни се сите анализи ако се нема срце.Против Црна Гора одиме секако повторно на победа. – изјави одличниот Александар Љафтов.