Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во финалето на двојки на фјучрсот во летонскиот град Лиепаја што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа заедно со Чагла Бујукакчај од Турција во полуфиналето ги победија третите носителки Џеси Ејнеј од САД и Елена Малигина од Естонија со 2-1 во сетови (6:3 3:6 10:6 во гемови).
Во финалето ќе играат против домашните тенисерки Дарја Семенистаја и Даниела Вајсман, кои со 2-0 во сетови ги победија вторите носителки Вивиан Хеисен од Германија и Валерија Страхова од Украина.