Италијанските медиуми во јавност пуштија бомбастични најави дека се припрема голема трансфер размена помеѓу Реал Мадрид и Интер. Како што пишува италијански ,,Спортмедиасет” двајца играчи кои имаат прилично слаба сезона ќе заминат во обратен правец.
Кон Мадрид ќе биде упатен данецот Кристиан Ериксен, додека во Милано ќе заврши шпанецот Иско. Ериксен пристигна во Интер минатата зима, но не се адаптира на италијанскиот фудбал, а долго време беше и трансфер желба на кралевите, а Иско не ја добива минутажата од францускиот стручњак и за него најдобра опција е да замине од тимот.