Ждрепките од втората рунда на овогодинешното 140. издание на ФА Купот беа извлечени вечерва.
Првата рунда пружи доста интересни дуели, изненадувања и голови.
Во втората рунда, за првпат после 28 години ќе настапи осмолигашот Марин АФК, кој изненадувачки го елиминира четвртолигашот Колчестер Јунајтед на пенали.
Едно од најголемите изненадувања го направи шестолигашот Чорли, елиминирајќи го освојувачот од 2013, Виган Атлетик, со 2-3 после продолженија.
Уште неколку екипи успеаја да триумфираат над ривали што учествуваат во две лиги повисоко на фудбалската пирамида: Стокпорт (1-2 на Рочдејл), Дарлингтон (1-2 на Свиндон), Барнет (1-0 на Бартон Албион), а Мансфилд, Транмер, Солихал Мурс, Даг енд Ред, Борам Вуд и Кинг’с Лин беа подобри од противници од еден ранг повисоко.