Македонија на гостувањето против Грузија го игра финалето по кое што ќе се знае патникот на Европско Првенство. Ова е ,,зицер” позиција која што мора и треба да ја искористиме, бидејќи не се знае дали некогаш повторно ваква шанса ќе ни се укаже.
За таа цел стручниот штаб како и репрезентативците се мобилизирани и спремно ја дочекуваат Грузија. Фудбалерите се приклучуваат еден по еден и атмосферата е на највисоко ниво. Во прилог и галерија од пристигнувањето на репрезентативците: