Светскиот тениски рекет број еден србинот Новак Ѓоковиќ , ќе заработи нови 40 милиони евра откако потпиша нов договор со брендот „Лакост“ . Новиот договор е со важност за уште четири години.
-Партнерите од 2017 година, „Лакост“ и Новак Ѓоковиќ гордо можат да објават дека соработката продолжува до 2025. Врвниот спортист и светскиот рекет број еден делат заеднички вредности со француското крокодилче, посветеност и елеганција, се наведува во соопштението на францускиот бренд.