
И покрај доминантните партии во зачетокот на ЛОИ 2020, Новак Ѓоковиќ сепак остана без олимписки медал.
Имено, Србинот, иако важеше за главен фаворит, несфатливо изгуби во полуфиналето од Александар Зверев и закажа дуел за бронзата против Пабло Карењо Буста.
Во битката за третото место, Шпанецот беше поуспешен од Србинот и славеше со 2-1 (4-6, 7-6, 3-6).
И во двата свои освоени сетови, Карењо Буста освои по еден брејк, кој накрај му донесе водство, односно победа.
Ѓоковиќ го доби само вториот сет, откако во тај-брејкот беше подобар со 8-6, но тоа не беше доволно за втората олимписка бронза т.е. прва после Пекинг 2008.
Сепак, на српскиот тенисер му останува уште една прилика за трето место бидејќи во мешани парови, заедно со Нина Стојановиќ, ќе се бори во малото финале против австралискиот двоец од Ешли Барти и од Џон Пирс.