
На најбрзата женска спринтерска трка на 100 метри, атлетичарките на Јамајка остварија доминантен хет-трик, заземајќи ги првите три места.
Имено, до одбрана на олимписката титула од Рио 2016, дојде Елејн Томпсон-Хера, која истрча нов олимписки рекорд од 10,61 секунди.
Шели-Ен Фрејзер-Прајс (10,74) го освои среброто, единствениот медал што ѝ недостасуваше, но не успеа да дојде до третото олимписко злато и да се запише во атлетската историја како прва жена со три олимписки злата на 100 метри.
Јамајканскиот пиедестал го заокружи поранешната тркачка на 400 метри, Шерика Џексон, која го освои првиот престижен медал во најбрзата дисциплина.
Во продолжение, четвртата позиција ѝ припадна на Мари-Жозе Та Лу (10,91), а во финалето трчаа уште Ајла дел Понте (10,97), Муџинга Камбунџи (10,99), Тина Даниелс (11,02) и Дерил Нита (11,12).