
Синоќа, Оукленд Атлетикс ја запишаа третата победа во низа, откако ги совладаа ЛА Анџелс со 0-2.
За Оукленд, ова беше вкупно седма последователна победа над ,,Ангелите”, кои на последните три меѓусебни пресметки немаат ниеден постигнат поен.
Оукленд дојде до славјето со четирите освоени бази на Џед Лоури во четвртиот и со хоум-ранот на Мет Чапман во осмиот ининг.
За победничкиот состав, солидна партија одигра фрлачот Крис Басит, кој за седум периоди освои седум страјк-аути.
Во Американската лига, Атлетикс (59-46) се наоѓаат на петтото, а Анџелс (51-52) на десеттото место.