
Вториот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во нордиска комбинација во женска конкуренција се одржа во Рамзау, Австрија.
Истиот беше отворен со денешната трка на која, третата победа ја запиша Гида Вестволд Хансен (14:31,0).
Норвежанката славеше на сите три досегашни натпреварувања, а денес дојде до триумфот на ,,крилјата” на одличниот скок од првата серија.
Зад неа, со релативно голем заостаток, пиедесталот го комплетираа Лиза Хирнер (+56,8) и Натали Армбрустер (+58,5).
Најдобрата тркачка, односно носителката на црвената маичка, Ида Марие Хаген (+1:07,4), беше четврта, а под две минути доцнеа уште Аника Зиф (+1:28,0) и Ема Волавшек (+1:43,1).