
Потполно ,,дежаву” се случи на отворањето на третиот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во нордиска комбинација, одржан во Рамзау, Австрија.
Имено, до четвртата победа во тековната сезона дојде Јарл Магнус Риибер, кој дополнително го зголеми водството во генералниот пласман.
Норвежанецот (24:15,4) заврши голем дел од задачата уште во првата серија, кога им зададе заостаток од речиси цела минута на сите конкуренти, со исклучок на второпласираниот Рјота Јамамото (+0:28).
Накрај, Јапонецот (+54,9) го зазеде дури осмото место, откако ја загуби битката за седмата позиција од Мануел Фаист (+54,9) во фотофиниш.
1-2 победата на Норвежаните ја комплетираше второпласираниот во поредокот, Јенс Лураас Офтебро (+7,9), победувајќи го во финишот Винценц Гајгер (+8,0) за една десетинка.
Актуелниот вицешампион, Јоханес Лампартер (+18,3), ја отскија својата најдобра трка во тековната сезона, доволна за четвртото место, пред Јорген Граабак (+47,1) и пред Илка Херола (+54,3).