На денешната програма од Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција беше третиот овосезонски спуст, одржан во Ст. Моритц, Швајцарија.
На него, до 1-2 победа дојде Италија, која го славеше успехот на првопласираната Елена Куртони и на второпласираната Софија Гоџа.
За Куртони (1:09,40), ова беше трета победа во кариерата, додека Гоџа (+0,29) не триумфираше за првпат во 2022/23 во најбрзата дисциплина.
На денешниот пиедестал се искачи уште Корин Сутер (+0,73), која им донесе радост на домашните навивачи.
Нејзината сонародничка, Јасмин Флури (+0,84), заврши како четврта, а пласманот во топ 5 го заокружи Бризи Џонсон (+0,96).