
Гида Вестволд Хансен ја одбрани титулата на Светскиот куп од минатата сезона, откако победи на сите осум досегашни овосезонски натпреварувања.
Имено, на првата трка од нордиска комбинација во Шонах (Германија), Норвежанката (13:49,8) триумфираше убедливо, одбранувајќи ја предноста од првата серија.
На второто место заврши најдобрата домашна претставничка, Џени Новак (+1:02,3), а третопласирана беше Јуна Касаи (+1:07,5).
Второпласираната во генералниот поредок, Натали Армбрустер (+1:10,5), мораше да се задоволи со четвртата позиција, а пласманот во топ 5 го пополни Мари Леинан Лунд (+1:13,7).