
На првата сингл трка од Светскиот куп во санкање во машка конкуренција се случи потполна германска доминација.
Имено, во Јанкинг, Кина, на олимписката патека, Германците целосно го окупираа пиедесталот.
На врвот, со нов рекорд на патеката од 57,298 секунди, се најде Јоханес Лудвиг (1:54,597), кој воедно беше првопласиран и после првата серија.
На второто место, со скок од четири позиции во однос на првото санкање, се пласираше актуелниот шампион, Феликс Лох (+0,854), кој беше за само четири илјадинки побрз од третопласираниот Макс Лангенан (+0,858).
Во продолжение следуваше австриското дуо, составено од Давид Глајршер (+0,905) и Рајнхард Егер (+1,070), кое го комплетираше пласманот во топ 5.
Од останатите конкуренти, во првите десет завршија уште: Доминик Фишналер (+1,140), Семјон Павличенко (+1,211), Роман Репилов (+1,514), Волфганг Киндл (+1,536) и Кевин Фишналер (+1,601).
Од фаворитите, потфрлија Нико Глајршер (+2,144), Такер Вест (+2,145), Кристерс Апарјодс (+2,187) и Јонас Милер (+3,038), кои завршија од дваесеттото место, па надолу.