
Дербито на дното, односно на последните екипи од Западот и од Истокот, беше составен дел од денешната КХЛ програма.
На него, Кунлун Ред Старс, после продолжение, славеа над Витјаз Подолск со резултат од 2-3.
Со новите два поени, кинеските претставници избија на претпоследната позиција на Истокот, додека Витјаз остана на дното на Западот.
Во првата третина, во интервал од само 61 секунда, беа постигнати дури три погодоци.
Во оваа серија, Иван Володин (прв гол во новата средина) и Никита Гончаров погодија за 2-0 во корист на домаќините, а Спенсер Фу стрелаше за намалување на 2-1.
Во средината на третиот период, Џош Николс го постигна изедначувачкиот гол за Кунлун, а победата ја донесе Паркер Фу во дополнителниот период.



