
Светскиот куп во санкање на вештачки патеки заврши во текот на изминатиот викенд во Винтерберг, Германија.
Во машкиот дубл, до шампионската круна стигнаа Тобијас Вендл и Тобијас Арлт, кои воедно победија на последната трка пред Тони Егерт/Саша Бенекен и пред Јури Гат/Рикардо Шопф.
Кај женската двојна конкуренција, Андреа Фетер и Марион Оберхофер станаа првите шампионки во историјата, а титулата ја заверија со третото место во Винтерберг.
Пред нив завршија Зелина Егле и Лара Михаела Кип, односно Џесика Дегенхардт и Шејен Розентал, кои ги зазедоа второто и третото место во генералниот поредок.
Во женски сингл, Јулија Таубитц ја одбрани жолтата маичка од минатата сезона, додека на пиедесталот на последното натпреварување се искачија Маделен Егле, Лиза Шулте и Ана Берајтер.
Кај мажите, до првиот кристален глобус во кариерата дојде Доминик Фишналер, и покрај финишот на петтата позиција, носејќи и’ ја првата титула на Италија после дванаесет години.
Од неговите конкуренти, до шестата победа во низа, со нов рекорд на патеката, дојде Макс Лангенан, а на пиедесталот се пласираа Јонас Милер и Нико Глајршер.
Најпоследниот настан од целата сезона беше екипата трка, која заврши со триумф на Австрија, односно со нова титула на Германија во Светскиот куп.