Оливие Жиру цел живот ќе го памети гостувањето кај Севилја, затоа што одигра феноменален натпревар. Францускиот репрезентативец ги даде сите четири голови во победата од 4:0 против тимот кој е актуелен освојувач во Лигата на Европа. Со овие четири погодоци, Жиру стана најстариот играч кој дал четири гола на еден меч во Лигата на шампиони. Тој има 34 години и 63 денови.
Французинот е и првиот играч што во дресот на Челзи има постигнато четири гола во натпревар од европски рамки. Последен пат четири гола на еден меч воопшто за лондонскиот тим има дадено сегашниот менаџер на тимот, Френк Лампард и тоа во првенството против Астон Вила во март 2010 година



