Кристијано Роналдо даде еден гол во победата од 3:0 на Јувентус против Динамо Киев, а со тоа Португалецот постави нови неверојатни постигнувања. Ова беше јубилеен 750 гол за Роналдо во неговата сениорска кариера на клупско и репрезентативно ниво.
Освен јубилејниот погодок, Роналдо постави и еден редок рекорд. Неговиот прв гол во Лигата на шампионите против Динамо Киев го постигна пред точно 13 години и 25 денови, односно во ноември 2007 година. Ова е најдолгиот период во кој еден ист играч постигнува повторно гол против истиот клуб во Лигата на шампиони.



