Водните површини – езерата, морињата и океаните на картата на светот се обележани со сина боја, што е и логично. Но, природата одстапила од ова правило, па така езерото Хилиер што се наоѓа во Западна Австралија има розева боја. Интересно нели? Езерото Хилиер восхитува со својата розева боја. Освен тоа, се наоѓа веднаш до Тихиот Океан, па ако го гледате одозгора контрастот помеѓу розевото езеро и синиот океан е впечатлив.
Причината за розевата боја на езерото е сеуште тема која научниците не ја разбираат целосно, иако некои од нив сметаат дека тоа е поврзано со присуството на микроалгата – Dunaliella salina.
Езерото Хилиер е прилично мало со должина од 600 метри и ширина не повеќе од 250 метри. Опкружено е со еукалиптус и вештачки дрвја и е вистинска атракција.