Кога се работи професионално резултатите се неизбежни. Женскиот фудбал во Македонија е на маргините, но нашиот медиум се труди и обработува се што е потребно да го промовира фудбалот на најдобар можен начин.
Во таа промоција заслужено место и внимание привлекува ЖФК Љуботен од Тетово. Клубот ангажира спортски директор од Србија, во името на Небојша Бреѓан кој што тимот го стабилизира од секој спортски аспект.
Раководството на ЖФК Љуботен професионално ги постави темелите на клубот, а финансиската контрукција и консулидација допринесоа да се доведат неколку квалитетни засилувања кои што го креваат за неколку нивоа квалитетот на целиот тим. Сега тетовчанки имаат за цел опстанок во лигата, а од наредна сезона ќе се обидат да ја нападнат шампионската титула и купот на Македонија.
ЖФК Љуботен ја изврши официјалната промоција на засилувањата и амбициите на клубот и тоа на професионален и со европски шмек. Во тимот овој зимски преоден рок притигнаа: Сања Митревска – Сани, Магдалена Лекоска, Ана Беатриз Тарантино попозната како Роналдиња, Бенвенида Таила Фариас, Меитефанг Тагне Хорелиа Сореле, Сенада Муратовиќ – Сенди и Анѓела Миловановиќ позната под прекарот АМ11. Во прилог и галерија од официјалната промоција:
Фото: ЖФК Љуботен – Тетово Официјална Страна