Еден од нашите напаѓачи во А репрезентацијата на Македонија, Илија Несторовски од италијански Удинезе, во пресрет на почетокот на подготовките за натпреварот Грузија и Македонија вели дека дојде време репрезентацијата да се подготви за најважниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал.
,,Конечно дојде собирот и подготовките за нашиот историски натпревар. Четири, пет години се бориме за ова и сега е време да се подготвиме за најважниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал. Јас и цела репрезентација ветуваме дека ќе го дадеме максимумот за да ја оствариме целта. Ќе биде сосема поразлично од претходните натпревари. Срцето и желбата за победа ќе решаваат“ – изјави Илија Несторовски.
Извор и фото: https://ffm.mk/



