Поради настанатата пандемија, стопирани беа сите фудбалски натпреварувања во Шкотска. Неодамна, шкотската фудбалска асоцијација донесе одлука за целосно прекинување на лигашките првенства, а сè уште не е донесена одлуката според којашто шампион ќе биде актуелниот првопласиран, а релегиран ќе биде актуелниот последнопласиран тим.
Според шкотскиот „Скотиш Сан Спорт“, најверојатно оваа одлука ќе биде донесена во наредните денови што би значело дека шампиони ќе бидат Селтик (Премиер Лига), Данди Јунајтед (Чемпионшип), Раит Роверс (Лиг 1) и Коув Ренџерс (Лиг 2). Доколку одлуката биде спроведена, тоа ќе значи дека релегирани ќе бидат Хартс, Партик Тисл и Странрер. Оваа одлука важи само за професионалните лиги (првите четири), така што од четвртата лига ќе нема релегиран тим.
Сопственичката на Хартс, Ен Баџ, е протагонист во покренатата иницијатива против оваа одлука на шкотската фудбалска асоцијација, а во разговорите за промена на одлуката најверојатно ќе се вклучат и челниците на Партик Тисл односно Странрер.



