Маркус Пејџ, Американецот со српски пасош, кој е член на белградски Партизан од 2018, денес реши да го продолжи својот договор со „црно-белите“ уште две години.
26-годишниот бек, во сезоната 2019/20, во АБА лигата, бележеше 10,7 поени по натпревар и шутираше тројки со прецизност од дури 48%. Слични беа неговите статистики и во Еврокупот каде што во просек имаше 8,8 поени по натпревар и 42% успешност од шутовите за три поени.
Пејџ, со Партизан, во два наврати го освои Српскиот куп (во 2019 и 2020), а минатата година го освои и Суперкупот на АБА лигата.