вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

НХЛ ѕвезда доби отказ поради откривање на приватните пораки

Епов Насе ✏️ Епов Насе
мај 8, 2020
📁 Останато, Спорт

Деновиве, низ друштвените мрежи, кружеа контроверзни слики од приватните групни пораки на хокеарот на Вашингтон Капиталс, Брендан Лајпсик, на коишто беа прикажани засрамувачки пораки од канадскиот хокеар. Најпрво, фотографиите се појавиле на Инстаграм профил со корисничко име „@angelszeee2020″, но истите биле избришени подоцна.

Имено, „друштво“ на Лајпсик во групниот разговор му правеле повеќе луѓе меѓу кои и неговиот брат Џереми и хокеарот на Флорида Пантерс – Џек Родевалд.
Во разговорот, Лајпсик пишувал мизогени пораки во кои ги нарекувал жените со погрдни зборови како „свињи“. Првата порака, всушност била слика од жената на негов поранешен соиграч со коментар „Види колку е дебела.“ Во втората порака, Лајпсик објавил слика од неговиот поранешен соиграч од Ванкувер Кенакс, Џејк Виртанен, кој бил на одмор со фамилијата, а во коментар напишал дека тоа е „Несомнено најлоша екипа [за дружење] во светот.“. Во третата порака, Канаѓанецот објавил слика од неговите соиграчи од Отава Капиталс и како коментар додал „З*еби, тие се губитници.“.

По сите горенаведени откритија, Лајпсик на својот официјален Твитер профил напиша:
„Вчера беше хакиран Инстаграм пофилот на еден мој пријател и некој раширил слики од приватни разговори во коишто бев и јас. Целосно сфаќам колку несоодветни и навредливи се коментарите и искрено им се извинувам на сите за моите постапки. Од ова ќе научам важна лекција и ќе станам подобра личност. Со тек на време ќе определам како да продолжам понатаму на одговорен и значителен начин. Навистина ми е жал.“

Во врска со целата ситуација, Вашингтон Капиталс објавија своја изјава, а во неа се спонуваше:
„Запознаени сме со неприфатливите и навредливите коментари на Брендан Лајпсик во приватна група на друштвените мрежи. Ќе го средиме ова интерно.“

Сепак, покајувањето на хокеарот не го смени ставот на неговиот веќе поранешен клуб, кој денес официјално му го раскина договорот. Исто така, Џереми Лајпсик, братот на Брендан, беше исфрлен од хокеарскиот тим на универзитетот во Манитоба. Засега, останува непозната судбината на Џек Родевалд.

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Tags: ВашингтонЛајпсикНХЛ
Share5Tweet
Претходна вест

На денешен ден: Сер Алекс Фергусон замина во пензија

Следна вест

Фудбал: Шкотски великан најверојатно ќе биде релегиран во втората лига

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Фудбал: Шкотски великан најверојатно ќе биде релегиран во втората лига

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.