Во петтото коло од Премиер лигата, во лондонското дерби, се соочија Тотенхем и Вест Хем.
Тимот предводен од Жозе Мурињо експресно го отвори мечот и после шеснаесет минути водеше со 3-0 преку едниот гол на Сон и двата голови на Хари Кејн.
Спарс постигнаа три гола во воведните дваесет минути во Премиер лигата за првпат после 18 август 2007, кога со 4-0 ги поразија Дерби Каунти.
До крајот на регуларните деведесет минути, Вест Хем успеа да го намали својот заостаток, благодарение на Фабијан Балбуена (82′) и на автоголот на Дејвинсон Санчез (85′), а во четвртата минута од продолжението и да израмни преку евроголот на Мануел Ланзини.
За Тотенхем, ова е второ реми сезонава, поради коешто ја ,,испуштија од раце” втората позиција на табелата. Од друга страна, Вест Хем го освои седмиот поен, доволен за осмото место.



