Иако производството заврши пред неколку години, сопственикот на Agera RS неодамна го испратил својот автомобил назад кај шведскиот производител Koenigsegg за серија унапредувања на моделот.

Според Koenigsegg, сопственикот на Agera RS им пристапил есента 2019 година и побарал да го има истиот отвор на хаубата како и One:1 инсталиран на својот хиперавтомобил.

За да ги исполни барањата на својот клиент, Koenigsegg инсталирал целосно нова хауба чиј централен дел е финиширан во карбон. Koenigsegg исто така инсталирал и дополнителен додаток на хаубата инспириран од оној кај One:1.

Компанијата исто така додала и неколку нови аеро елементи на Agera RS, вклучително и малите предни перки и карбонски заден спојлер кој е целосно активен и контролиран од страна на софтвер во автомобилот.



