Втората станица од Новогодишната турнеја, традиционално е германскиот ски-центар Гармиш-Партенкирхен.
На денешните квалификации, најдобар беше Словенецот Анже Ланишек, кој скокна 139 метри и освои 138,6 поени.
Само половина поен помалку освои водечкиот во Светскиот куп, Халвор Егнер Гранеруд, кој го имаше најдолгиот скок од 143 метри.
Во првите десет се пласираа уште: Маркус Ајзенбихлер, Штефан Крафт, Карл Гајгер, Рјоју Кобајаши, Камил Штох, Давид Кубацки, Андржеј Стекала и Јохан Андре Форфанг.
Во утрешната прва серија ќе има и неколку интересни и неизвесни парови: Бор Павловчич – Петер Превц, Пјотр Жила – Михаел Хајбок и Домен Превц – Андржеј Стекала.



