Синоќа се случи историски момент во НБА откако Беки Хемон го замени исклучениот Грег Попович на клупата на Сан Антонио и го водеше тимот до крајот на мечот.
Искусниот тренер беше исклучен уште првото полувреме и покажа со прст дека Хемон треба да го води тимот, па таа ја презеде контролата врз случувањата и со тоа стана првата жена која водела еден машки НБА тим.

На крај нејзиниот тим Сан Антонио Спарс загубија на домашен паркет со резултат од 107:121 од тимот на Лос Анџелес Лејкерс. Беки Хемон по завршувањето на мечот кажа дека била премногу горда, се чуствувала величенствено и дека клубот многу вложувал во неа.