Ресенската сала во која во минатото се играше ЛШ доби нов лик!
Спортската сала „Зоран Стојановски” во Ресен, во која домаќин е РК Преспа, доби модерен и нов изглед, со целосно реновиран паркет, соблекувални и внатрешни простории.
Екипата на Преспа се натпреварува во Првата ракометна лига.Во оваа сала своевремено се играа и натпревари од Лигата на шампионите.







