Несудениот македонец, Дејан Кулушевски кој македонскиот дрес го замени со шведскиот од наредна сезона ќе настапува за Јувентус, трансфер кој беше договорен уште во јануари. Кулушевски ќе биде прво летно засилување на ,,Старата дама” вредно 35 милиони евра со тоа што во наредните две години може да порасне на дополнителни нови 10 милиони евра во име на бонуси.
Аталанта младиот 19-годишен талент ,,дебело” го наплати , а позајмицата во Парма беше полн погодок како за тимот така и за фудбалерот. ,,Зборував со Сари и поради него го избрав Јувентус, ми се допаѓа начинот на кој играат неговите тимови. Тактиката на Конте е различна и тоа ми создаваше сомнеш, поради тоа го избрав Јувентус. Одам во тој клуб за да учам и да растам како играч. Едвај чекам да играм заедно со Дибала. Пред мечот Парма – Јувентус Роналдо, Буфон и Киелини ме поздравија и му посакаа добредојде“ – кажа на крај Дејан Кулушевски.



