Поради пандемијата со вирусот се одложи ЛОИ во Токио за идната година од 23 јули. Најголеми шанси од македонските спортисти да замине на ЛОИ во Токио 2021 година има Емил Павлов.Тој моментално се наоѓа на 5 место на светската ранг листа. Емил Павлов има три шанси да стигне до Олимписките игри.
Од секоја категорија на ЛОИ во Токио ќе учествуваат по 10 натпреварувачи. Идната година ќе се организираат квалификациони турнири кои водат до Токио. Првиот турнир е Премиер лигата во Рабат, сениорското првенство во Гетеборг, Шведска и квалификациониот турнир кој во 2020 година требаше да се одржи во Париз, но веројатно ќе биде закажан во друг град.
На ЛОИ во Токио 2021 година ќе учествуваат тројцата најдобри од квалификационите турнири и четворица кои обезбедила олимписка норма на светската ранг листа. Исто така, претставникот на домаќинот ќе има учесник во Токио и двајца каратисти со вајлд карти.
Сите надежи се полагаат на Емил Павлов кој нема прекин во тренажниот процес и покрај кризата и строгите мерки со корона вирусот, а се очекува и подршка од МОК, АМС и КФМ се со цел исполнување на целта.



