Најталентираниот македонски тенисер, 17-годишниот Калин Ивановски, со победа го почна својот настап на Вимблдон. Калин, во првото коло во јуниорска конкуренција го победи Дејли Бланш од САД кој беше десетти носител на турнирот со 2:0 во сетови (7:5 и 7:6).

Калин, во второто коло кое се игра денес, ќе ги одмери силите со Едас Бутвилас од Литванија.