Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев доби место во тимот кој ја одбележа првата фаза на Европското првенство според изборот на холандскиот медиум „НОС Спорт“ (NOS Sport). Тимот е избиран тим според потезите, акциите во и надвор од теренот.
Холандскиот медиум го издвои фактот дека Горан Пандев за прв пат ја однесе Македонија на големите шампионати каде и го даде првиот гол во мечот со Австрија.