недела, јануари 29, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Благоја Милевски од 1. август нов селектор на македонската А репрезентација

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јуни 25, 2021
📁 Фудбал

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница во „Куќа на фудбалот“ донесе одлука за назначување на Благоја Милевски за селектор на македонската А репрезентација.

Сеуште актуелниот предводник на репрезентацијата до 21 година ќе ја преземе селекторската функција во А репрезентацијата од 1. август 2021 година.

Муамед Сејдини – претседател на Фудбалска федерација на Македонија:

„Најпрвин, од мое лично и од име на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија упатувам благодарност до Игор Ангеловски за неговата работа и придонесот кој го даде за успесите со македонската А репрезентација.

Игор Ангеловски самиот најави дека по завршувањето на Европското првенство ќе бара нови предизвици во својата кариера и сега е време ние да ја почитуваме неговата одлука и да ја  покажеме нашата благодарност за неговата работа и страст во сите овие години на чело на македонската А репрезентација.

Визијата за нашата фудбалска иднина со Благоја Милевски на местото селектор на македонската А репрезентација е кристално јасна. Тој е човекот кој го регенерираше македонскиот фудбалски крвоток, создаде неверојатна група на фудбалери кои зад себе веќе имаат настап на две Европски првенства, младинско и сениорско и уверени сме дека тој пат мора да продолжи.

Му даваме доверба на Благоја Милевски да ја предводи македонската А репрезентација поради неговиот карактер, работната етика и човечките квалитети. Тој е тренер кој става личен печат на тимовите кои ги предводи и човек со дисциплина и исклучителна ментална сила.

Македонската А репрезентација ќе ја предводи селекторот Благоја Милевски кој ја создаде златната генерација македонски фудбалери која беше меѓу 12-те најдобри селекции во Европа и фудбалери кои веќе неколку години се дел од нашиот најдобар национален тим.

Веруваме во квалитетите на Благоја Милевски и убедени сме дека ќе продолжи со успех да ја предводи и А репрезентацијата. Уште повеќе затоа што на секоја разумна и личност со вистински вредности му докажа каков човек е и каков тренер е“.

На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше донесена одлука за назначување на Драган Канатларовски за селектор на македонската репрезентација до 21 година. 

Поранешниот селектор на нашиот најдобар национален тим ќе ја презеде младата репрезентација од 1. август 2021 година.

Фудбалската федерација на Македонија во следниот период ќе организира прес – конференција со новите селектори на македонската А репрезентација и селекцијата до 21 година

ShareTweet
Претходна вест

(Фото) Пандев се најде во најдобрите 11. во првата фаза на ЕП

Следна вест

(ВИДЕО) Огромен дебакл на Ричмонд на домашен терен во ,,режија” на Ст. Килда

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

(ВИДЕО) Милан ,,потопен” од Сасуоло на домашниот ,,Сан Сиро”
Спорт

(ВИДЕО) Милан ,,потопен” од Сасуоло на домашниот ,,Сан Сиро”

✏️ Епов Насе
29/Јан/2023
Мајкл Керик го надмудри Славен Билиќ: Мидлсброу подобар од Вотфорд
Спорт

Мајкл Керик го надмудри Славен Билиќ: Мидлсброу подобар од Вотфорд

✏️ Епов Насе
28/Јан/2023
Ер Јунајтед им одржа лекција со ,,петарда” на Коув Ренџерс
Спорт

Ер Јунајтед им одржа лекција со ,,петарда” на Коув Ренџерс

✏️ Епов Насе
27/Јан/2023
Дуел на легендите: Раниери со Каљари го порази СПАЛ на Де Роси
Спорт

Дуел на легендите: Раниери со Каљари го порази СПАЛ на Де Роси

✏️ Епов Насе
27/Јан/2023
Следна вест
(ВИДЕО) Огромен дебакл на Ричмонд на домашен терен во ,,режија” на Ст. Килда

(ВИДЕО) Огромен дебакл на Ричмонд на домашен терен во ,,режија" на Ст. Килда

Последно

(ВИДЕО) Второ овосезонско славје за Ана Одине Стром

(Фото+Видео) Посетете ја Венеција пред да се наплаќа влез

(Фото) НЕВЕРОЈАТНО: Meчка сама направила 400 селфи фотографии

Два од два за Гранеруд; Словенецот Зајц до првиот подиум во сезоната

Јакимовски маестрален за Вашингтон Стејт

Андерсон и Клебо триумфираа на дваесет километри во Ле Рус

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.