Дуелот Барнли – Фулам кој беше закажан за утре во 13 часот на стадионот ,,Турф Мур” е одложен поради што во редовите на Фулам утринава се појавија нови позитивни случаи на корона-вирусот.

Фулам втор меч во низа нема да игра откако пред неколку дена се одложи пресметката против Тотенхем поради исти причини. Ова е трет натпревар од англиското првенство кој се одложува во изминативе десетина дена.