Новата 2021 година не тргна најдобро за Езџјан Алиоски, откако македонскиот репрезенативец со својот Лидс Јунајтед претрпе тежок пораз кај Тотенхем со конечни 3:0. Откако во 29 минута во шеснаесетникот Алиоски со прекршок за пенал над Бергвајн му овозможи на Хари Кејн да постигне водечки гол.
До крајот на полувремето на асистенција на Кејн во 43 минута Хеон Сон Мин зголеми на 2:0 и со овој резултат се замина на полувреме. Во 50-та минута Тотенхем ставија точка на овој натпревар откако Алдерверделд ги постави конечните 3:0.
Езџјан Алиоски играше се до 64 минута кога на негово место влезе младиот Шаклетон. Во самиот финиш во судиското надополнување десниот бек на ,,Спарси”, Дохерти беше исклучен од игра.



