Сеад Колашинац се врати во редовите на Шалке 04 на позајмица до крајот на актуелната сезона. Босанскиот репрезентативец по пауза од три и пол години повторно ќе ги брани боите на тимот од ,,Гелзенкирхен” кој е очаен сезонава и сè уште трага по првата победа во Бундеслигата.
Германските медиуми тврдат дека Колашинац ќе ја добие одговорноста да ја носи капитенската лента на екипата. Од летото 2017 па досега, Колашинац одигра 113 меча во сите натпреварувања за Арсенал.
Дефанизвецот сезонава падна во втор план кај Микел Артета и запиша само еден премиерлигашки настап, додека шанса добиваше во Лигата на Европа, премалку за еден играч од калибарот на босанскиот интернационалец.