ЖФК Ас Унитед кој ова сезона повторно ќе игра важна улога во Прва ЖФЛ веднаш уште во првото коло во неизвесен и крајно возбудлив натпревар го совладаа ЖФК Шкендија со минимални 1:0 но сосема доволни за први три бода.
Победничкиот гол беше постигнат во 64 минута при прекин во кој што употребливиот центаршут на Кристина Мојсоска во автогол го претвори Шаќири Џељане во дуел со Адили.
Натпреварот изобилуваше со секој детал од фудбалската игра па во финишот на натпреварот противничката фудбалерка Хафа Мустафа во 84 минута доби втор жолт картон кој автоматски значеше црвен картон.
Состав ЖФК Ас Унитед: Суарта Речи, Синдис Положани, Александра Поповска, Едина Сулејмани, Александра Симоноска, Арлинда Адили (К), Александра Рубаноска, Веса Села, Кристина Мојсоска, Илза Максути и Ера Стеблева.
Состав ЖФК Шкендија: Имери Халиме, Амити Ениса, Јахји Анида, Шаќири Џељане, Шакири Брикена, Икмете Лимани, Хава Мустафа, Шерифи Енџи, Емурли Ера, Емини Медина и Зендели Гиљсиме.
Стадион: Струга (Ново игралиште)
Резултат: ЖФК Ас Унитед 1:0 ЖФК Шкендија (0:0)
Стрелец: Автогол Шаќири Џељане во 64 минута