Започна новата сезона во Прва ЖФЛ, во која што ЖФК Истатов на свој домашен терен во Дојран на стартот оствари висок триумф од 10:0 над младата и перспективна екипа на ЖФК Атлетико од Битола.
Во фер и коректна игра истатовки по првото полувреме имаа предност од 3:0, а како одминуваше натпреварот паѓаше концентрацијата кај битолчанки и на крај беа поразени со резултат од 10:0. Ова се три бода со кои што ЖФК Истатов најавува борба за титулата.