Во фер и коретна игра во прво коло од Прва ЖФЛ претендентот за титулата тимот на ЖФК Деспина од Прилеп триумфира лесно на гостински терен против ЖФК Плачковица со резултат од 1:9.
Стрелци на головите за победничката екипа беа Јана Чубриноска со четири гола, хет-трик постигна Ангела Стојковска додека два гола беа дело на искусната Катерина Милеска. Почесниот гол за домашниот тим го постигна Анастасова Зорица.



