Европската куќа на фудбалот донесе конечна одлука неодиграниот меч меѓу Швајцарија и Украина во Сегментот А од Лигата на нациите да го регистрира со службен резултат од 3:0, што ги исфрли Украинците во понизок ранг, во Сегментот Б за идното издание.
УЕФА даде зелено светло, заедно со Швајцарската и Украинската фудбалска федерација, но наместо на терен, швајцарските власти ги сместија гостинските репрезентативци во карантин.
Со ваков развој на настаните Украинците испаднаа во Сегментот Б, а Швајцарија останува во елитата бидејќи двете репрезентации завршија со по шест бода во четвртата група од Сегментот А, па одлучуваше меѓусебниот биланс. Украина победи дома со 2:1, па загуби со службен резултат од 0:3 и испадна од највисокиот ранг на натпревари на чуден начин и без игра во последното колo.



