Езџан Алиоски ќе биде еден од најдоброплатените македонски играчи, според најавите што доаѓаат од таборот на Лидс, клубот кој ќе му понуди нов договор со месечна плата од околу 120 илјади фунти.
Месецот ноември одлично му легна на популарниот Џани, па успеа најпрво со репрезентацијата на Македонија да се пласира на Европското првенство што ќе се игра идната година, а потоа блескаше и во дресот на Лидс Јунајтед.
Нашиот репрезентативец има договор со Лидс до јуни идната година и во јануари веќе може да преговара со нов клуб, но Лидс најавува дека нема да дозволи Алиоски да си замине.