Нејт Робинсон влезе во историјата на НБА како прв играч што успеал трипати да победува на Олстар-мечот во забивање. Иако има 175 сантиметри, Робинсон покажа дека за него нема граница на кошаркарскиот терен. Сега Робинсон реши да го промени спортот и да се испроба во предизвикот наречен бокс.
Веќе подолг период Робинсон тренира и се подготвува за своето деби во рингот, кое ќе биде в сабота. Тој вели дека уште како дете бил пргав и секогаш на првата линија ако имало некоја тепачка. Робинсон за противник ќе го има 13 години помладиот Јутјубер Џек Пол.
Робинсон вели дека во рингот се чувствува многу послободен отколку на кошаркарскиот терен. ,,И пред да станам кошаркар, сите ме отпишуваа и не веруваа во мене. На 28 ноември ќе покажам дека сум работник и дека едноставно сум создаден за ова“, вели Робинсон во пресрет на неговото деби на боксерската сцена.



