Мирто Узуни е фудбалерот кој за кратко почувствува како му е на Кристијано Роналдо кога ќе даде гол во Торино и кога ќе прослави во само негов позант стил. Албанскиот репрезентативец синоќа даде гол за Ференцварош за водство против Јувентус од 1:0, но Старата дама на крајот направи пресврт и победи со 2:1.
Иако Ференцварош загуби, Узуни сигурно презадоволен си замина од стадионот на Јувентус, посебно ако се знае дека по завршување на средбата успеа да го добие дресот токму од Роналдо. На Португалецот најверојатно му се допадна тоа што и противничките играчи го копираат, па без никаков проблем му го подари дресот на Узуни.