Еден од најистакнатите македонски голгетери, кој што има богата меѓународна кариера и многу успеси, искусниот струмичанец Зоран Балдовалиев, имаше деби од соништата кога за новопотпишаниот клуб Дрита од Боговиње на првенствен натпревар од Втора лига Запад постигна деби погодок и тоа во 20 минута за во тој момент водство од 1:0.
До крајот на натпреварот гостите Вардар Форино го израмнија резултатот на 1:1 со голот на Емир Алиу и така двете екипи на отворањето на новата сезона ги поделија бодовите.
Балдовалиев ќе биде огромно засилување за Дрита која што полага надежи за висок пласман. Напаѓачот во својата кариера има искуство од настапи во: Бугарија, Грција, Саудиска Арабија, Кипар, Словенија, Израел Швајцарија, додека минатата сезона беше член на Тиквеш од Кавадарци.