Екипата на Холабрун каде играат македонските интернационалци Костески и Митков славеше многу важна и тесна победа на гостувањето кај Тулн со 28:29 (полувреме 14:14).
Никола Костески беше убедливо најдобар играч и стрелец на мечот со 10 голови од 10 обиди сите од игра, една асистенција и две украдени топки. Искусниот Влатко Митков постигна 3 гола помеѓу кои и последниот за победа на неговиот тим.




