
Велшкиот клуб, Њупорт Каунти, кој се натпреварува во англиската Лиг 2, во своите редови го има еден од најубиствените напаѓачи во Англија.
Станува збор за 24-годишниот Англичанец, Доминик Телфорд, кој на последните три средби постигна вкупно седум голови и се израмни на првото место на листата на стрелците со Мет Џеј од Ексетер.
Во петнаесеттото коло, Њупорт го испрати Стивениџ назад во Хертфордшир со ,,петарда” во својот гол, откако славеше со 5-0.
Во првиот домашен триумф на Њупорт над денешниот ривал после 2018, Телфорд постигна хет-трик (12′, 28′, 48′), а во листата на стрелците се запишаа уште Куртни Бејкер-Ричардсон (34′) и Фин Азаз (50′).
На табелата, Њупорт скокна на осмото место, а Стивениџ ја зазема дваесет и првата позиција.