Работнички го одиграа досега најдобриот меч во првата фаза од првенството, и убедливо го победија лидерот на табелата ТФТ со 105:92.Дерби дуелот на ова коло го одбележија различни периоди на добра игра на двата „соседи“ кои своите натпревари ги играат во салата на СРЦ „Кале“.
Џексон Пол со 29. реализации беше прво име во победничката екипа која сега е на скор (4-1) каков што на спротивната страна има и ТФТ каде Александар Костоски заврши со 25. поени и 8.асистенции, а Хортон имаше уште 22.



