Бруно Фернандес е еден од најдобрите плејмејкери на денешницава во светски рамки, а таков не беше случајот во 2012 година кога португалецот играше најпрво во Серија Б за тимот на Новара, потоа премина во Удинезе и на крај пред да се врати во родната земја и заигра за Спорртинг Лисабон играше уште за Сампдорија.
Фернандес во Лисабон се ,,препороди” и веднаш се наметна како важен дел од тимот. Фудбалерот за Спортинг имаше учинок од 137 натпревари во кој што постигна 63 гола и 52 асистенции за гол. Манчестер Јунајтед го откупи за 55 милиони евра и направи одлична зделка.
Погледнете како некогаш во младоста и на стартот на кариерата изгледаше Бруно Фернандес:
